Хроника

Вработени на ЈСП фатени при кражба на нафта

Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ вечерва биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров.

Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се огласи со објава на социјалните мрежи и најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од Обвинителството очекува да отвори постапка.

„Вечерва, внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата. Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, соопшти Ѓорѓиевски.

Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот.

„Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој.

Ѓорѓиевски порача дека секој за кого ќе биде утврдено дека посегнал по јавните средства ќе биде санкциониран.

„Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок! Денес, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот! Само со удар во чело, можеме да се избориме против корумпираните кои го уништуваат нашето и ваше Скопје“, додаде градоначалникот.

Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода.

Детали за случајот се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

Приведен еден осомничен за убиството кај Смилковско езеро!

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Двајца малолетници во Тетово натепале врсник, оти одбил да им го даде својот тротинет – претходно му се заканувале и му барале пари

Малолетник бил мета на закани и барања за пари од две други малолетни лица во Тетово. Како што информираат од МВР, вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него. Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад […]

To top