Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека во комуникацијата со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, не забележал никакви резерви или чувство на супериорност во однос на албанскиот јазик.
„Најискрено, морам да кажам дека премиерот Мицкоски никогаш не ми оставил впечаток дека има резерви кон албанскиот јазик, или пак дека го смета македонскиот јазик за супериорен во однос на албанскиот.
Се разбира, тоа не значи дека нема да останеме будни и внимателни, ниту пак значи дека ќе толерираме, без да реагираме, какво било назадување во однос на албанскиот јазик“, изјави Рама во гостување на подкастот „Риштази“ дел од „КохаКаст“, јавува Тетова сот