Македонската заедница во Австралија го слави пласманот во полуфиналето на Австралискиот шампионат во фудбал и на Престон лајонс, кој му се пидружи на Бродмедоу меџик меѓу четирите најдобри екипи во второто натпреварување по ранг на петтиот континент.
„Македонија, Македонија!“ ечеше на стадионот „Џeнис стил“ во Мелбурн откако „лавовите“ од некогашна Престон Македонија славеа по пресврт со 2:1 над Вестс АПИА.
Херој на домашниот тим беше Лејтон Брукс, кој со два гола за три минути во второто полувреме ја анулира негативата од првиот дел и се зацврсти на врвот на листата на стрелците со 8 погодоци.
И двете екипи на Македонците се домаќини во дуелите за финале на 5 декември од 5 часот по средноевропско време – Бродмедоу меџик на бранителот на титулата и клуб на австралиските Грци, Саут Мелбурн, а Престон лајонс на Сиднеј јунајтед, клуб на хрватската заедница, кој го победи на гости Бејвотер Сити со 3:0.