Спорт

Фото на денот: Македонскиот амбасадор во Австралија го бодреше Бродмедоу меџик

Тимот на Македонците му заблагодари на Стојанче Китаноски за поддршката во четвртфиналето на Австралискиот шампионат

Амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Стојанче Китаноски, му донесе среќа на Бродмедоу меџик (БМФЦ) во четвртфиналниот дуел од Австралискиот шампионат во фудбал, во кој тимот на македонската заедница славеше со 1:0 над Квинсленд лајонс.

Клубот основан во 1966 година како Њукасл Македонија јавно му се заблагодари на Китаноски, кој со шал со клупските бои ги бодреше домашните фудбалери од трибините, а по натпреварот во соблекувалната им честиташе на играчите за победата и ја сподели радоста со нив за историското полуфинале, во кое ќе го пречекаат клубот на Грците, Саут Мелбурн.

На фотографијата на денот одлево надесно се Стивен Фотеф (задолжен за големи проекти во БМФЦ), Крис Балаловски (почесен конзул на Македонија во Австралија), македонскиот амбасадор Стојанче Китаноски, Ендрју Божиновски (претседател на БМФЦ) и Стивен Пичалов (секретар на БМФЦ).

Најнови вести од: Спорт

To top