Бизнис

Димитриеска-Кочоска со меѓународно признание за управувањето со јавниот долг

Министерката за финансии во Истанбул прими награда за буџетската заштеда од 3,2 милиони евра со издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната

Screenshot

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година.

Успешното управување со јавниот долг преку издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната еврообврзница, со што е остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра, е објаснувањето за наградата врачена во рамки на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“.

„Ова признание е потврда за одговорниот и стратешки пристап во управувањето со јавниот долг. Во услови на зголемена глобална макроекономска и геополитичка неизвесност, обезбедивме исклучително поволни каматни стапки, порамномерно распоредување на доспевањата и намалување на ризиците од рефинансирање. Особено е важно што преку внимателно структурирање на трансакцијата обезбедивме конкретна буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Силниот интерес на меѓународните инвеститори е дополнителна потврда за довербата во економските политики што ги спроведуваме“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Наградата претставува меѓународно признание за квалитетот на трансакцијата, поволните услови на финансирање и стратешкиот пристап на Министерството за финансии во управувањето со должничкото портфолио. Министерството во јануари годинава успешно го реализираше издавањето на десеттата еврообврзница, а во процесот учествуваа над 150 глобални инвеститори, меѓу кои водечки пензиски фондови, реномирани осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија.

Наградите Global Banking & Markets се востановени во 2014 година и се доделуваат врз основа на оценка на големината, структурата, роковите, условите на финансирање и квалитетот на реализацијата на финансиските трансакции на меѓународните пазари на капитал.

Најнови вести од: Бизнис

Макстил најавува планирани промени во управувањето по промените на ниво на групацијата

Марија Дуковска-Павловска започнува ново професионално поглавје, а Иван Бановски е предложен повторно да го преземе раководењето со компанијата. Предвиден е шестмесечен транзициски период за обезбедување континуитет во управувањето

Потребен е национален дата-центар, велат од Владата

Македонија мора да изгради национален дата-центар за да ја обезбеди стабилноста на дигиталните услуги и да го следи развојот на вештачката интелигенција, е заклучокот на панел-дискусијата „Дата-центрите, расчистување на мистеријата“.

(Видео): ДПИ открива скандал со брзите кредити, од Владата со реакција за големата сума пари

ДПИ за првпат спроведе сеопфатен и неселективен инспекциски надзор кај сите 27 финансиски друштва кои поседуваат лиценца за работа од Министерството за финансии, при што утврди сериозни прекршувања на правата на потрошувачите и донесе решенија со кои овие друштва се обврзуваат да им вратат на граѓаните незаконски наплатени средства во вкупен износ од над 140 милиони денари, соопшти директорот Влатко Стојкоски.

Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

Во рамки на средбата беа презентирани политиките и мерките што ТИТАН Усје континуирано ги спроведува за унапредување на правата и економската сигурност на вработените, преку соодветни надоместоци и дополнителни придобивки

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

To top