Спорт

Македонија ја порази Грција и се пласираше на Европско првенство

Со триумф против Грција до Европско првенство

Женската кадетска репрезентација на Македонија (У17) со победа над селекцијата на Грција со резултат 13:18 го заврши квалификацискиот турнир во Скопје и обезбеди пласман на Европското првенство – W17 EHF EURO 2027, кое ќе се одржи во Црна Гора.

Со две победи и еден пораз, младите ракометарки успешно ги завршија квалификациите и обезбедија место меѓу најдобрите европски селекции.

Резултати од 3. коло – Група Б

🇱🇹 Литванија – Косово 🇽🇰 29:20

🇬🇷 Грција – Македонија 🇲🇰 13:18

Најнови вести од: Спорт

To top