Македонија

Обид за филмско бегство од македонската полиција, не успеал да избега далеку

Не успеал да избега подалеку од затворот во Охрид

Млад Стружанец премногу гледал филмови и во момент кога бил фатен во вршење на кривично дело изнуда направил обид за бегство кој завршил неуспешно.

Според извори во струшката полиција изнудувачот бил фатен по само неколку стотини метри по што веднаш бил однесен во затворот во Охрид.

 

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски не дава информација за обидот за бегство но во соопштение потврдува дека полицијата фатила осомничен за изнуда во моментот кога го добил парите од жртвата која останува анонимна.

 

,,СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.П.(19) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

По преземени посебни истражни мерки, реализирани од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за општ и насилен криминал во МВР, констатирано е дека пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 04.08.2025 до 12.08.2025 на едно лице од Охрид, преку мобилна апликација му испраќал пораки со заканувачка содржина, барајќи му 20.000 евра.

При преземањето мерки во врска со пријавата, на Л.П. му се дадени обележани пари, кои се најдени кај него, по што е фатен и лишен од слобода. Нему му е одредена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката”, стои во соопштението од СВР Охрид.

 

Фото: Илустрација од друго бегство што не се случило во Македонија

 

Последна вест

 

Се бара екс министерот на СДСМ да отиде во полициска станица на хрватски остров

Личен документ на екс министер на Заев се појави на социјалните мрежи во Хрватска

/

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top