Свет

Трамп: „Без мене, Путин ќе ја контролираше цела Украина“

Забелешк на коментар на новинар дали рускиот претседател „има силен адут в рака“

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на денешната средба во Алјаска со рускиот колега изјави дека Владимир Путин ќе ја преземел контролата врз цела Украина доколку не бил на функција, пренесоа медиуми.

Трамп ја опиша посетата на Путин како „голема победа за него“ иако во очите на некои набљудувачи, толкувањето е невообичаено, бидејќи обично домаќинот, а не посетителот, се смета дека има предност.

Тој го повтори своето верување дека Путин „би сакал да види договор“, но тврдеше дека без неговото претседателствување, Русија би се стремела кон целосно преземање на Украина.

Трамп инсистираше дека под негово водство, Путин „нема да си игра“, претставувајќи го своето присуство во Белата куќа како пречка за амбициите на Москва.

Трамп дури предвиде дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски „ќе склучат мир“.

„Ќе видиме дали ќе се сложуваат. И ако се сложуваат, тоа би било одлично… Мислев дека оваа војна ќе биде најлесно да се реши, но всушност е најтешка“, рече Трамп за време на прес-конференцијата.

Тој повтори дека потенцијалната втора средба ќе биде поголема од онаа закажана за утре во Алјаска.

Трамп откри дека и Путин и Зеленски, како и некои европски лидери, потенцијално би можеле да учествуваат на оваа втора средба.

Двајцата лидери ќе се сретнат насамо, во придружба само на преведувачи

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе има „многу сериозни последици“ ако рускиот претседател Владимир Путин не се согласи да ја запре војната во Украина откако двајцата лидери ќе се сретнат на самитот подоцна оваа недела во Алјаска.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top