Свет

Путин му предложи на Трамп: Следна средба во Москва

Можам да замислам дека би можело да се случи, рече американскиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин предложи локација за неговата следна средба со неговиот американски колега Доналд Трамп, предлог што предизвика мешани реакции од Трамп, објави CNN.

Сепак, американскиот претседател не го отфрли директно.

„Тоа е интересно, ќе се воздржам малку аа тоа“, рече Трамп. „Но, можам да замислам дека би можело да се случи“.

Путин им советуваше на украинските и европските лидери да не се мешаат.

„Очекуваме дека Киев и европските престолнини ќе го сфатат сето ова на конструктивен начин и нема да создаваат никакви пречки, нема да се обидуваат да го нарушат новиот напредок преку провокации и задкулисни интриги“, рече тој.

Изјавата доаѓа во контекст на најавената средба на Трапм со Зеленски во понеделник.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прифати поканата да биде во Вашингтон во понеделник, објави тој на социјалните мрежи.

На средбата се очекува да учествуваат и европски челниц.

Европската комисија, исто така, ја потврди средбата со Трамп, иако не даде детали. На него присуствуваа и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф.

Денес, амбасадорите на ЕУ се состануваат на вонреден состанок во онлајн формат за да разговараат само за едно прашање – агресијата на Русија врз Украина.

 

Поврзана содржина

Историски изгорен од Берлински и Букурешки договори Македонецот е претпазлив и од Аљаскини и Московски договори

 

Најнови вести од: Свет

Путин предупредува: САД распоредуваат стратешко нуклеарно оружје ширум светот

Рускиот претседател Владимир Путин се осврна на глобалното наоружување, истакнувајќи дека модерното стратешко нуклеарно оружје е посилно од бомбите што САД ги фрлија на Хирошима и Нагасаки.

Рама се пошегува на сметка на Трамп, Макрон се изнасмеа (ВИДЕО)

Трамп во август во интервју за „Фокс њуз“ се фалеше дека сопрел 7 потенцијални војни во светот и притоа направи гаф, зборувајќи за конфликтот меѓу меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах кој заврши со потпишување мир во Белата куќа.

To top