Свет

Зошто Лавров се појави со дуксер со натпис „СССР“ во Алјаска

Различни толкувања на пораката од шефот на руската дипломатија со облеката што навраќа на Советскиот сојуз

Дуксерот со натпис „СССР“, во кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се појави на средбата Трамп – Пурин во Алјаска ги надмина сите други протоколарни фотографии спореда популарност.

Фотографиите од новинар близок до Кремљ го покажуваат Лавров како се појавува со овој дуксер по пристигнувањето во хотелот во Енкориџ, а за време на разговорите американскиот државен секретар Марко Рубио се свртува кон него и му вели: „Ми се допаѓа твојот џемпер“!

Не е јасно што точно Лавров им кажал на Американците за неговата облека, но можеше да се слушне како Путин го кара со насмевка, нарекувајќи го „империјалист“.

Откако британскиот телевизиски канал Скај њуз го нарече дуксерот на Лавров „интересна референца, со оглед на тоа како се одвиваше Студената војна меѓу САД и комунистичкиот Советски сојуз во втората половина на 20 век“, а американските медиуми ја илустрираа средбата со овој детаљ, Русите денес им дозволуваат на политиколозите да протолкуваат дали ова е шега или закана.

Тие тврдат дека тоа бил начин на Лавров да покаже историска референца за богатите билатерални односи меѓу САД и СССР во 20 век. Тоа беше и навестување за паралели со договорите меѓу Леонид Брежњев и Ричард Никсон. Политиколозите исто така потсетуваат дека во младоста Сергеј Лавров долго време работел во Постојаната мисија на СССР во ОН во Њујорк и ја посетил Алјаска.

Русите исто така тврдат дека виралната фотографија се должи и на фактот дека во САД во последниве години облеката со советска симболика добива на популарност. Изборот на Лавров за овој дуксер значел дека тој бил свесен за американските трендови.

Се покажа дека овој машки коден детаљ е од челјабинската марка „SelSovet“ со натписи „СССР“, а појавувањето на Лавров нагло ја зголеми продажбата, како што објави основачката на фабриката Екатерина Варлакова.

Нарачките се правеле главно од Германија, Франција, Швајцарија и САД, меѓу овие земји е и Бугарија, според Варлакова, а џемперот го купиле главно имигранти од СССР, за кои станал симбол на носталгија и сеќавање на младоста.

Популарноста на овој модел првпат пораснала по објавувањето на серијата „Зборот на едно момче“, каде што џемперот го носеле актери.

Варлакова рече дека е многу изненадена, бидејќи фабриката не знаела дека Лавров носи таков дуксер, но секако, ова бил посебен комплимент за нејзината компанија.

Најнови вести од: Свет

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top