Македонија

Македонските граѓани „збудалеа” по евтини производи, за само еден месец доставени 250 тони пратка од „Тему”

„Тему” направи бум во Македонија

„Тему” направи бум во Македонија. Граѓаните “збудалеа” по евтини производи што во голем дел ги купуваат а всушност не им се потребни. Само во јуни низ македонските домови стигнале дури 250 тони пратки – дел бесплатни од царински давачки, дел со платени речиси 700.000 евра увозни давачки. Најмногу се нарачува облека, модни додатоци, мали апарати и козметика.

Од трговската комора алармираат дека проблемот е во тоа што Тему нуди производи по цени кои често се 50-70% пониски од оние во домашните продавници, а за малите трговци ова буквално значи борба за опстанок.

Ниските цени се порди нискиот квалитет и сомнителниот состав, онјалн трговецот нема ниту трошоци за кирии, складирање, продавачи и вработени.

“Само во јуни македонските потрошувачи преку Тему нарачале 250 тони стоки. Голем дел од пратките се во вредност до 22 евра и влегуваат во Македонија без дополнителни давачки.Купувањето со еден клик брзо, едноставно и достапно – ќе продолжи и во иднина, бидејќи им нуди на граѓаните удобност, широк избор и ниски цени.” вели за Алфа, претседателот на трговската комора на Македонија, Сашо Дукоски.

Со примамливи цени, агресивен маркетинг и умешна психолошка манипулација преку гејмификација, Тему успеа да го претвори купувањето во игра на возбуда и моментална награда.

Апликацијата доделува и дневни бонуси, односно колку почестно се враќате на платформата во текот на денот, толку повеќе награди и поволности добивате.

Психијатрите алармираат дека онлајн купувањето не е само економска навика, туку ментално здравствено прашање. Според нив тоа е „тивка зависност“ што не боли веднаш, но постепено ја нагризува контролата, ја зголемува анксиозноста и ја слабее вистинската способност за радост.

“Луѓето често велат: „Па, само една шнола, кармин или евтина тетратка“ Но токму тие ситници се најопасни: не економски, туку психолошки. Тие ја хранат навиката и ја учат психата дека секоја празнина, досада или анксиозност може да се „закрпи“ со едно кликнување и брза достава. Со тек на време, тоа води кон губење на толеранција, т.е. потреба за сè почести и сè поголеми купувања.Допаминот – истиот хормон на радост – е и хормон на зависностите. Во контекст на онлајн купување, тој создава психолошка илузија: дека сме среќни додека кликнуваме.” – вели д-р Елена Карева Пиловска, психијатар.

Ако ваквото темпо продолжи, проценките се дека Тему и сличните платформи би можеле до 2030 година да заземат 20-25% од вкупната малопродажба во Македонија, а тоа би предизвикало драстичен пад на бројот на локални продавници, поголема зависност од увоз, намалување на вработеноста, а ќе се наметне и силен притисок врз домашните производители да ја намалат цената на сметка на квалитетот.

Најнови вести од: Македонија

Нобеловиот институт ja отфрли замислата на Мачадо да му ја „отстапи“ на Трамп наградата за мир

Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп.

За Беџети, „кандидат за нобеловец за економија“, „легитимно е РСМ да се федерализира, а да се смени антиалбанскиот устав“!

„Барањето за федерализација на Македонија е легитимно, но тоа беше поништено уште во 2001 година. Албанската политика сега нема моќ ниту да го отстрани терминот ‘20 проценти’ во антиалбанскиот устав.“ – наведува д-р Неџат Беџети, професор по економија во државниот Универзитет во Тетово, кој инаку беше предложен од група од негови колеги-економисти во декември 2023 година како „кандидат за добивање Нобелова награда за економија“, со образложение дека „развил ‘Теорија на економскиот развој заснована врз демографското концентрирање“. Кандидатурата на Беџети била пријавена во Комитетот за Нобеловата награда, но друг ја имаше добиено.

Денес повторни избори за градоначалник во четири општини

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

Најнови вести

To top