Македонија

Велковски: Проектите на Еразмус+ беа за обука на ученици, а не за тренирање магариња

Целта на проектот била учениците да се стекнат со вештини со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет

По обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека 205 илјади евра од Еразмус+ биле наменети за тренирање магариња, реагираше Горан Велковски, поранешен директор на кавадаречко училиште СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци и брат пратеникот од СДСМ од претходниот состав на Собранието Диме Велковски.

Тој во објава на Фејсбук објаснува дека проектите од програмата на Еразмус+ беа за обука на ученици, а не за тренирање на магариња.

Во објавата тој пишува:

„Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, во рамки на ‘Еразмус+’ програмата, го одобри за финансирање проектот на СОЗШУ ‘Ѓорче Петров’ кој вклучува практична обука на 35 ученици и 5 наставници, во времетраење од две недели во Иваниќ Град, Република Хрватска. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ поседува винарска визба, шуми и полиња на кои се одгледуваат различни култури и реализира голем дел од практичната обука на сопствениот имот.

Но, училиштето нема фарма за животни каде може да ги реализира практичните часови за сточарство. Затоа, училиштето во рамките на долгорочната стратегија за интернационализација на образованието, предложи проект кој вклучува обука за копитари, пред сѐ за коњи и магариња“, напиша Велковски.

Според него, целта на проектот била учениците да се стекнат со вештини со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет и ќе се подобри нивната вработливост по завршувањето на средното образование.

„Проектот, меѓу останатото е дизајниран и да ги воведе и мотивира учениците да започнат сопствен бизнис. Обуката за копитари се спроведе на фарми за магариња и коњи лоцирани во Иваниќ Град, Хрватска и ќе биде структурирана во четири модули“, објаснува Велковски и додава дека дел од проектот „Избери сирење“ вклучувал теоретска и практична обука за ученици и наставници од сите партнерски организации (апликанти) за производство повеќе видови сирење“ се вели во објавата..

Најнови вести од: Македонија

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

Летови со владин авион, хотелски трошоци и спорни набавки – ексдиректорот на СОЗР заработи кривична

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име

Осуденици ќе чистат од денес седум дена магистрални и регионални патишта – под постојан надѕор на затворската полиција!

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава

„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип.  Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.

Најнови вести

To top