Свет

Трамп: Ѝ помагам на Украина за да одам во рајот

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја потврди изјавата на претседателот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите мотиви за неговото вклучување во Украина бил личен – „желба да се стигне до рајот“.

Изјавата предизвика низа реакции откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја потврди на брифинг за медиумите, пренесе Индекс.хр

Трамп претходно во интервју за Фокс њуз изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно од смрт, мислам дека тоа е прилично… Сакам да се обидам да стигнам до рајот ако е можно, слушнав дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но, ако можам да стигнам до рајот, ова ќе биде една од причините“.

Кога беше прашана за изјавата, Ливит им рече на новинарите во Белата куќа: „Мислам дека претседателот беше сериозен. Претседателот сака да стигне до рајот како што впрочем сите во оваа просторија го сакат тоа“.

Најнови вести од: Свет

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top