Македонија

Шверцувал тутун и не сакал да застане на граница

Лицето, со цел нелегално да избегне царинска контрола, одбило да го запре возилото пред царинскиот службеник и ја зголемил брзина

Царинската управа заплени 78 кг тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари и до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело шверц и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Според Царинската управа, случајот е откриен на влез во земјата, на граничниот премин Блаце, при преглед на автомобил управуван од државјанин на Македонија.

„Лицето, со цел нелегално да избегне царинска контрола, одбило да го запре возилото пред царинскиот службеник и ја зголемил брзина кон рампата, со што го спречило да го изврши своето службено дејствие“, велат од Царината.

Според Царината, кога возилото било запрено, при детален преглед биле пронајдени 13 кутии со вкупно 78 килограми тутун за наргиле.

Со тоа е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која не биле платени давачки во износ од 508.048 денари, јави Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top