
Кошаркарската репрезентација на Македонија ги заврши претквалификациите за Светското првенство 2027 со победа над Унгарија од 82:75 во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Избраниците на селекторот Маријан Илиевски ги добија првите три четвртини со 23:15, 22:17 и 19:18, а на гостите им припадна последната со 25:18 во мечот што берше формалност, со оглед на тоа што во него „црвено-жолтите“ влегоа без шанси за пласман во квалификациите.
Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли беше најдобар во победничкиот тим со 23 поени, а Виктор Ташовски и Андреј Митревски постигнаа по 14.