Спорт

Неизвесен трансферот на Елмас во Наполи

Наполи достави официјална понуда до Лајпциг за ангажман на Елиф Елмас.

instagram.com/elifelmas24

Наполи достави официјална понуда до Лајпциг за ангажман на Елиф Елмас. Предлогот вклучува заем од 1,5 милиони евра за една сезона, со опција за откуп во јули 2026 година за износ од 11,5 милиони евра.

Сепак, германскиот клуб инсистира на значително повисока сума. Според дел од италијанските медиуми, Лајпциг бара 3 милиони евра за позајмицата за една сезона, како и право на откуп за 18,5 милиони евра.

Дискусиите меѓу двата клуба продолжуваат со зголемен интензитет, а денот кога Елмас би можел да се врати на местото каде што постигна големи успеси е сè поблизу. Изгледа дека италијанскиот и германскиот тим на крајот ќе постигнат компромис меѓу понуденото и побаруваното, овозможувајќи му на македонскиот репрезентативец да се врати таму каде што ги оствари своите најзначајни моменти во кариерата досега.

Најнови вести од: Спорт

Турска убавина за европски Тиквеш

Летово, фудбалскиот клуб Тиквеш започна нова ера во својата историја по преземањето од германскиот инвеститор со турско потекло, Осман Таш. Тој воведе своја раководна структура со цел да имплементира европски стандарди во сите аспекти на клубот.

To top