Хроника

Познат политичар почина од срцев удар на плажа на Халкидики

Тој доживеа фатален срцев удар додека престојуваше на плажа во близина на Неос Николаос, Халкидики.

facebook.com/vesiropoulos.apostolos

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на пратеничката група на Нова демократија, почина на 59-годишна возраст. Тој доживеа фатален срцев удар додека престојуваше на плажа во близина на Неос Николаос, Халкидики.

Одеднаш му се влошила здравствената состојба, по што изгубил свест. Неговото семејство веднаш повикало итна медицинска помош, а Везиропулос бил пренесен во здравствениот центар „Агиос Николаос“. За жал, и покрај напорите на лекарите, не успеале да го спасат.

Везиропулос беше пратеник од областа Иматија и од април 2025 година ја извршуваше функцијата генерален секретар на пратеничката група на Нова демократија. Претходно, од август 2023 до март 2025 година, тој беше претседател на Постојаната комисија за економски прашања во грчкиот парламент. Од јули 2019 до јуни 2023 година, Везиропулос служеше како заменик-министер за финансии, одговорен за даночната политика и управувањето со јавниот имот во владата предводена од Кирјакос Мицотакис, според информациите од грчките медиуми.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази длабока тага по повод ненадејната загуба на својот колега. „Со шок ја примив веста за смртта на Апостолос Везиропулос. Тој беше посветен соработник и почитуван политичар, кој со години и служеше на својата партија, татковина и народ. Упатувам искрено сочувство до неговата сопруга и деца“, напиша Мицотакис на својот профил на платформата „Икс“.

Најнови вести од: Хроника

Salt Bae: Како се создаде бренд, но и како една грешка го урна

Приказната за Salt Bae (Нусрет Гокче) е класичен пример за тоа како во 21 век виралноста може да создаде огромна слава и бизнис-империја за кратко време, но и колку брзо една грешка или серија грешки може да го сруши сè што е изградено, па дури и да предизвика поголеми загуби.

(Фото): Малолетник со возило удрил во друг автомобил и пешак кој се бори за живот в болница

Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот.

To top