Свет

Сијарто: Украина сака да ја вовлече Унгарија во војна

Трет напад на нафтоводот кој ја снабдува Украина со руска нафта

Украина изврши нов напад врз најголемата руска нафтна пумпа клучен дел од системот на нафтовод „Дружба“, потврди Роберт Бровди, познат како „Мадијар“, командант на украинските сили за беспилотни системи, пишува „Киев пост“.

Објектот „Унеча“, кој се наоѓа на четириесет километри од украинската граница, е најголемиот центар на нафтоводниот систем „Дружба“ во сопственост на „Транснефтепродукт“. Преку мрежа долга 9.000 километри,гасовод го снабдува рускиот воено-индустриски комплекс и е клучен за извозот на нафта.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, брзо реагираше на веста за нападот.

„Пристигна вест дека нафтоводот „Дружба“ на руско-белоруската граница е повторно нападнат – трет пат за краток временски период. Снабдувањето со сурова нафта за Унгарија е повторно запрено“, напиша тој на Фејсбук.

Сијарто го нарече нападот „уште еден напад врз енергетската безбедност на Унгарија“ и „уште еден обид да нè вовлечат во војна“.

Поврзани вести:

Конечно стана јасно дека „Цеверен тек“ кој ја снабдуваше Германија со руски гас бил саботиран…но и кој стоел зад диверзијата којапредизвика енергетска криза во Европа

Најнови вести од: Свет

Украинците ја нападнаа нуклеарната централа во Курск(ВИДЕО)

Украина во текот на ноќта изврши напади со дронови врз неколку енергетски капацитети во Русија, вклучувајќи ја нуклеарната електрана Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти.

Мадуро нареди мобилизација на 4.5 милиони војници , се подготвува за војна со САД(ВИДЕО)

Тензиите меѓу Каракас и Вашингтон достигнаа врв откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да ги искористи „сите расположливи средства“ во борбата против нарко-картелите, вклучително и можноста за воена интервенција во Венецуела.

To top