Македонија

Основач на „Зелен хуман град“: Формирање партија е конечно предавство на изворните идеали

Потврдено предвидување за предавство по 4 години пасивно, неинвентивно, генеричко, млако, бирократско, неамбициозно, кукавичко „делување“

Иво Босилков е поранешен новинар, по професија политиколог и комуниколог, доктор на политички науки и професор по политичка комуникација на Универзитетот во Амстердам. Тој со години се занимава и со општествен активизам, а себеси се опишува како муниципалист.

Босилков е еден од основачите на граѓанската платформа „Зелен хуман град“, која потоа ја напушти по локалните избори во 2021 година. Платформата сега собира потписи за да прерасне во политичка партија и во таа форма да настапи на претстојните локални избори кои ќе се одржат во октомври.

Своите ставови во врска со „Зелен хуман град“ и напорите тој да се трансформира во партија, Босилков ги изнесува во обраќање за Слободен Печат чии делови пренесуваме:

 

„Го основав „Зелен хуман град“ (ЗХГ) заедно со Драгана Велковска и Горјан Јовановски затоа што сфатив дека клучен предуслов за зацелување на ова болно општество е реимагинација на самата идеја за тоа што значи политика. Според идеологијата на муниципализам врз која ЗХГ беше формиран, таа реимагинација подразбира отфрлање на фокусот на фиктивните (етно)национални прашања и повторно поврзување на урбаната заедница преку радикална локализација на политиката.

 

 

Мојата визија за ЗХГ беше враќање на процесот на одлучување кај обичните луѓе, фрустрирани од сопствената импотентност да влијаат на околината, дезориентирани од лажните приоритети кои им ги сервира системот наречен централизирана држава-нација (од типот на ЕУ, НАТО и слични „сулуди“ агенди), и затруени од толкувањето на политиката како конфликт за воспоставување доминација над „другите“.

 

Со оглед на тоа што олицетворението на ова толкување и примарните агенти на овој систем се партиите, начинот за остварување на оваа парадигматска промена во пракса беше едноставна: сè што прават тие, ние ќе го правиме спротивното! Ова беше мојата едноставна стратегија за остварување на горенаведената визија – жестока дискурсивна и практична делегитимизација на општоприфатениот менталитет на трупање моќ и пари кај елитни центри, како лоцираниот корен на материјалната, духовна и интелектуална корупција, која незапирливо метастазира и води кон пропаст.

 

Се случи спротивното. Пред скоро четири години, вечерта на локалните избори во октомври 2021, по успешната „грасрутс“-кампања без ниеден потрошен денар народни или спонзорски пари, од блиска соработничка во ЗХГ добив порака: „Ќе доаѓаш да ги чекаме резултатите заедно со екипата?“. „Не“, кратко одговорив. Следуваше непријатна пауза, и потоа познатите три точки додека соговорникот пишува.

 

„Знаеш, поради ваквиот твој однос организацијата не ја следи твојата визија за нејзиниот развој. Не може да не бидеш дел од групната динамика и да очекуваш дека некој таму ќе ти верува“.

 

Но, како што често велиме во научниот жаргон, корелација не е каузација. Другарката погрешно го имаше разбрано причинско-последичниот однос, и во однос на конкретната ситуација, и за пошироката слика. Во однос на првото, причината што во тој момент не се придружив на „екипата“ беше што двајцата останати коосновачи на ЗХГ, кои тој ден станаа советници во Град Скопје, одлучиле дека „изборниот штаб“ ќе се наоѓа во просториите на т.н. Зелен институт, предводен од никој друг, туку екслидерката на ДОМ, Лилјана Поповска.

 

Фактот што ЗХГ во ваков клучен момент се вгнезди во седиштето на овој ноторен системски паразит и псевдоекологист беше симболична потврда дека Драгана и Горјан едноставно или немаат капацитет да го сфатат, или уште пострашно, немаат желба да го направат тоа што е потребно за еден ден да дојдеме до целта – длабока и суштинска промена во општество чиј фундаментален проблем е партизираноста. Во тој момент сфатив дека нивниот ЗХГ нема никогаш да стане нешто повеќе од само нова маргинална зелена пајтон-партија – ДОМ со друго име. Токму тоа е пошироката слика, која никогаш не беше сфатена ниту од политичките актери внатре во организацијата, ниту од нејзините гласачи.

 

Ако првите не можеа или не сакаа, време е вториве да разберат дека моменталната трансформација на ЗХГ во де јуре партија (по четири години де факто функционирање во таа форма во институциите) е конечното предавство на сите негови изворни идеали. Моите предвидувања за каузалните процеси кои ќе доведат до тоа предавство, за жал и формално се потврдија со ставањето печат на четири години пасивно, неинвентивно, генеричко, млако, бирократско, неамбициозно, кукавичко „делување“, типично за НВО-изираните зелени партии на денешницата, и срамно во услови на незапаметен колапс на општеството и животната средина.

Целото обраќање на Босилово во Слободен Печат 

Фото: Принт скрин Фејсбук профил на Иво Босилков

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top