Македонија

Случај „Онкологија“: На едни пациенти им давале несоодветна, на други непотребна терапија

Шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“ откри денеска на прес конференција Јавното обвинителство. Имено, со вештачење на медицинските извештаи кај 29 пациенти, утврдено е несоодветно, а кај други 16 – непотребно давање терапија. Како што беше соопштено, поднесени се две обвиненијасо кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор на Клиниката […]

Шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“ откри денеска на прес конференција Јавното обвинителство.

Имено, со вештачење на медицинските извештаи кај 29 пациенти, утврдено е несоодветно, а кај други 16 – непотребно давање терапија.

Како што беше соопштено, поднесени се две обвиненијасо кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор на Клиниката и четворица онколози, меѓу кои и еден поранешен директор.

Првото обвинение се однесува на економското работење на болницата и опфатени се две лица – медицински директор и организациски директор на Клиниката. Обвинети се „за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата“

Делата биле извршени во временски период од 2018 до 2022 година при што била прибавена имотна корист од над 2,2 милијарди денари.

Медицинскиот директор, помогнат од организацискиот директор извршил проневера во службата, така што набавил лекови што имал намера да ги присвои, односно лекови што фиктивно ги раздолжувал, односно не им ги давал на пациентите во чие име ги раздолжувал.

Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица онколози, меѓу кои и поранешниот директор, кој е обвинет за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување болни.

Имено, кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување, односно давал лекови од новите генерации, со што тешко им го нарушил здравјето на пациентите.

Докторите, пак, одредувале терапија со лекови од нови генерации во фази кога било очигледно дека пациентот нема да има ефект од лекувањето со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Најнови вести од: Македонија

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ ќе тужи и до Стразбур

Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со штрајк.

To top