Свет

Лавров ги објави клучните услови на Русија за мир во Украина

Тој уште еднаш нагласи дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи безбедноста на земјата да биде гарантирана од група нации во кои ќе бидат вклучени постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.

Во интервју за американската NBC News, Лавров откри дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за прашањето за безбедносните гаранции, при што Путин потсетил на неуспешните разговори одржани во Истанбул во 2022 година.

На тие разговори на маса било ставено прашањето за трајна неутралност на Украина во замена за безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, со учество на други држави. Лавров сега прецизираше дека, покрај членките на Советот за безбедност, оваа група гаранти би можела да ги вклучи и Германија и Турција.

Според Лавров, моделот е јасен – „гарантите би ја гарантирале безбедноста на Украина, која мора да остане ненуклерана, да биде неутрална и не смее да биде поврзана со никаков воен блок“.

Тој уште еднаш нагласи дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија. Покрај тоа, Москва бара и заштита на правото на употреба на рускиот јазик, како отворање разгорои за територијални прашања.

Руски официјални претставници и досега повеќепати кажуваа дека Москва од Киев да го предаде целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за НАТО, Украина да остане неутрална и да не се дозволи присуство на западни трупи на нејзина територија.

Најнови вести од: Свет

Техеран под оган: Потврден е воздушен напад врз канцеларијата на врховниот водач, атомската агенција и воени комплекси

Во рамките на операцијата Operation Shield of Judah (Штитот на Јуда), која започна утрово, Израел и Соединетите Американски Држави извршија координирани превентивни удари врз повеќе стратешки цели во Иран. Операцијата е насочена кон неутрализација на заканите од иранската нуклеарна програма, балистички ракети и разузнавачки капацитети, со посебен акцент на Техеран како политичко и воено средиште.

Талибанците во Авганистан го легализираа семејното насилство: Донесен закон што дозволува мажот да ги тепа жената и децата!

Талибанците во Авганистан на 21 февруари го донесоа новиот Кривичен закон што им дозволува на мажите да ги тепаат своите „сопруги и деца“, под услов тоа да не резултира со „видливи фрактури или отворени рани“. Законот го класифицира семејното насилство како „дискреционо“ прашање, наместо да го третира како изричито кривично дело.

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

To top