Македонија

Муцунски во дводневна работна посета на Брисел, ќе се разговара за европската и реформската агенда на Република Македонија

„Македонија е посветена на европската интеграција, но треба и ЕУ да покаже подеднаква посветеност на нашиот европски пат.“ – нагласи шефот на македонската дипломатија во интервју за „Њуз Макс Балканс“ пред заминувањето за ЕУ .

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денес и утре е во работна посета на Брисел. Планирани се средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство Герт Јан Копман. Како што е најавено, на средбите ќе се разговара за теми поврзани со европската и реформската агенда на Република Македонија, како и нејзините натамошни чекори во пристапувањето кон ЕУ.

„Подготвени сме да ги завршиме тешките реформи – и веќе тоа го правиме. Со тоа јасно го покажуваме стратегискиот правец, во кој се движиме. Но време е и Европската Унија, нејзините институции и земји-членки, да покажат подеднаква посветеност на нашиот европски пат.“ -нагласи во интервју за „Њуз Макс Балканс“ шефот на македонската дипломатија Муцунски пред да замине за Брисел. Во интервјуто тој се осврна на европската интеграција на Република Македонија, регионалните прашања, членството во НАТО, партнерството со ЕУ во областа на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции.

Тимчо Муцунски укажа дека Владата на Република Македонија е посветена на европската интеграција преку спроведување реформи и исполнување мерливи критериуми, кои ЕУ ги поставила самата. Но, како што посочи македонскиот министер, потребна е решителност, правичен пристап и предвидлива патека за напредокот на Република Македонија, додавајќи дека таа како држава стои цврсто на своите стратегиски приоритети: членството во НАТО, посветеноста на патот кон Европската Унија и стратегиското партнерство со САД.


Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top