Македонија Хроника

Скандал: Не им давал лекови на тешко болните – ексдиректорот на Онкологија обвинет за сериозни кривични дела

Две обвиненија за тешки кривични дела поднесени против Нино Васев, поранешен директор на Онкологија. Суспендираниот и веќе пензиониран онколог кој 5 години раководеше со клиниката ќе одговара за злоупотреби овозможени од директорската позиција но и сериозно загрозување на здравјето на луѓето и несовесно лекување болни, пренесе Сител, повикувајќи се на Обвинителството. Првообвинетиот поранешен директор не […]

Две обвиненија за тешки кривични дела поднесени против Нино Васев, поранешен директор на Онкологија. Суспендираниот и веќе пензиониран онколог кој 5 години раководеше со клиниката ќе одговара за злоупотреби овозможени од директорската позиција но и сериозно загрозување на здравјето на луѓето и несовесно лекување болни, пренесе Сител, повикувајќи се на Обвинителството. Првообвинетиот поранешен директор не почитувал онколошки упатства, имало погрешно дозирање односно отстапки во процесот на лекување и ваков несоодветен третман е утврден кај 29 пациенти. Во ова му помагала колешка од одделот за малигни тумори на дојка. За несовесен третман ќе одговараат и двајца онколози од одделот за малигни тумори на бели дробови.

  • Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на ЈЗУ Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија. Другите двајца лекари се обвинети за кривично дело Несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист, поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба, изјави Ана Гоговска Јакимовска, предметен обвинител

Во другиот обвинителен акт Васев е обвинет заедно со поранешниот медицински директор Нехат Нухи. Двајцата ќе одговараат за проневера, измама и злоупотреба на службената положба со што го оштетиле државниот буџет за над 35 милиони евра. Во ова дело е и присвојувањето на лекови кои пациети иако требало, не ги добиле.

  • Ако постои дефиниција за сложен оредмет, тоа е овој и досега не сум имал посложен предмет, како дел од ОЈО Скопје. Не сум учествуал досега во ваква постапка. Сложен е и од аспект на дејствијата што ги презеле или не ги презеле инволвираните, како и од аспект на последиците врз болните и врз целото општесто, изјави Гаврил Бубевски, шеф на скопското обвинителство.

Скандалот Онкологија се случи пред околу 2 години кога јавноста беше згрозена од изформациите за несоодветниот третман на пациентите и богатење на грбот на најтешко болните. Овој епилог со две обвинненија споре јавниот обвинител треба да биде и една поука за соодветно постапување и третирање на пациентите во здравствените установи.

Најнови вести од: Македонија Хроника

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top