Македонија

Димитриеска-Кочоска: Не за дополнително оптоварување на граѓаните, данокот за нов стан треба да остане на 5 отсто

Министерката за финансии нагласи дека Владата ќе објави одредени краткорочни мерки против високата инфлација, нагласувајќи дека сепак се потребни подолгорочни решенија.

 Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека не е потребно дополнително оптоварување на граѓаните со зголемување на постојната стапка од пет отсто, осврнувајќи се на истекувањето на повластената стапка за купување нов дом.

„Сѐ уште анализираме, ќе се огласиме со конечна одлука, но сметам дека не ни треба дополнително оптеретување на граѓаните. Буџетот е таков каков што е, собирањето на приходите е во добра насока, сѐ е како што си било планирано. Се внимава многу на расходите. Посебно во врска со оние млади лица, кои  што купуваат самостојно станови, или кога тие ќе влезат во брачна заедница со брачниот партнер, сметам дека во моментот не е потребно да бидат дополнително оптоварувани.“ – нагласи министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека Владата ќе објави мерки против високата инфлација. „Владата во овој период подготвува некои мерки, ќе објавиме некои предлози. Но повторно тие би биле на краток рок. Нам ни треба решение,  кое ќе биде подолгорочно.“ – укажа Димитриеска-Кочоска.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top