Македонија

Вреди: Арбен Фетаи ги уништи плановите на корумпираните мафијаши од ДУИ и на Таравари со кланот Ѓока

„Секој што ќе ја допре ДУИ е извалкан од нивното морално распаѓање.“ – посочува коалицијата Вреди.

„Пропагандната машина на ДУИ и нејзините патерици започнаа ниска кампања на клевети и лаги против вицепремиерот Арбен Фетаи. Криејќи се зад лажни профили и користејќи валкани методи, тие се обидуваат да ја оцрнат неговата личност и да го попречат промените, кои станаа незапирливи.“-  посочува коалицијата Вреди во своето соопштение.

Натаму Вреди истакнува: Овие напади докажуваат само едно: моќта на Вреди ги уништи плановите на ДУИ и Таравари со кланот Ѓока. Тие се плашат од отвореноста, од чистите раце и од нашата решеност да ги искорениме злоупотребите, корупцијата и мафијашките врски, што ја држат државата како заложник две децении.

Вреди има фундаментална разлика со ДУИ и нејзините патерици: ниеден јавен денар не е злоупотребен од нашите претставници. Нивното богатство и интегритет се отворена книга, секој цент е заработен чесно. Без компромис и без контакт со ДУИ. Нашата дистанца е јасна, бидејќи секој што ќе ја допре ДУИ е извалкан од нивното морално распаѓање. Нашето донесување одлуки е слободно, невлијателно и неуценето, бидејќи нашата единствена зависност е од нашиот народ и нација, а не од олигарси и наркобосови. Затоа, нивните напади, оркестрирани од зад сцената, се едноставно очај.

Тие не се осмелуваат да се соочат со вистински обвинувања, факти и аргументи, бидејќи знаат дека Вреди е олицетворение на чисти раце и чесна политика. Нека клеветат со лажни профили, нека лаат нивните дигитални платеници, караванот Вреди незапирливо се движи напред, градејќи иднина каде што Албанците се посилни, а не експлоатирани, иднина без ДУИ, без патерици и без заложниците на Ѓока. – наведува коалицијата Вреди во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Местото на Македонија е на масата во Брисел како рамноправна членка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака до европските институции дека очекува јасни гаранции оти нема да има нови билатерални условувања и дека македонскиот идентитет, јазик и култура се константа и неспорен факт

Се враќаат „старите“ имиња на улици во Тетово

Уставниот суд на вчерашната седница со мнозинство гласови ја укина одлуката со која во 2007 година, во Тетово, беше извршено преименување на повеќе улици и на централниот градски плоштад од „Маршал Тито“ во „Илирија“

Јовева: Не е Македонија на испит – Европа е!

Македонците не треба да ја плаќаат цената за политичките фрустрации на другите, изјави вчера европратеничка од Словенија, Ирена Јовева, во Европарламентот за време на расправата за Извештајот за Македонија за напредокот за членство во Европската Унија.

To top