Свет

Путин не ја исклучува можноста за средба со Зеленски

Сите ставови на Русија во врска со договорот се соопштени на Киев

Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Говорејќи за потенцијален состанок, Песков рече дека Путин смета оти секоја средба на највисоко ниво треба да биде добро подготвена за да може да се финализираат договори кои претходно мора да бидат обработени на експертско ниво.

– За сега не можеме да кажеме дека експертската работа е во полн ек. За жал, не е, изјави Песков.

Тој додаде дека Русија останува заинтересирана и подготвена за вакви преговори.

– Сите ставови на Русија во врска со договорот се соопштени на Киев, а одредбите се предадени на украинската страна во писмена форма, нагласи портпаролот на Кремљ.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top