Македонија

Димитриевски: „Бадентер“ неретко ја гуши функционалноста на државата

Бадентеровиот принцип во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата, вели лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски

 

Изјавата на Димитриевски доаѓа откако министерот за правда Игор Филков изјави дека Бадентеровото правило се злоупотребува и дека можеби е време за негово преиспитување.

„Изјавата на министерот Филков се однесува исклучиво на функционалноста на Бадентеровото правило. За нас како политички субјект,

Рамковниот договор е завршена работа и е целосно исполнет и имплементиран.

Но, факт е дека во одредени моменти Бадентеровото правило ја доведува во прашање функционалноста на државата и потврда за ова ќе имаме по завршувањето на локалните избори“, рече Димитриевски.

Тој подвлече дека партијата го поддржува Охридскиот рамковен договор, но Бадентеровото правило како механизам се злоупотребува.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните

To top