Македонија

ВРЕДИ: Железничките линии не се само линии на мапа, тие се артерии на развој

Владата, предводена од коалицијата Вреди, преку Министерството за транспорт, започнува нова фаза во изградбата на Железничкиот коридор 8 – проект со национална димензија и регионално значење.

Владата, предводена од коалицијата Вреди, преку Министерството за транспорт, започнува нова фаза во изградбата на Железничкиот коридор 8 – проект со национална димензија и регионално значење. Со одлука на Владата, одобрен е грант од 3,7 милиони евра обезбеден од Европската инвестициска банка, информираше Вреди преку соопштение.

Средствата се наменети за подготовка на нова проектна документација и спроведување на постапка за тендерирање. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ја започна и постапката за избор на надзор на изградбата, со цел да се гарантира транспарентност и ефикасност во процесот“, се вели во соопштението.

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, нагласи дека Министерството за транспорт е целосно посветено на развојот на железничката инфраструктура, сметајќи ја за клучна за економскиот напредок, регионалната соработката и националната кохезија.

Коридорот 8, кој треба да ги поврзе Македонија и Албанија преку линијата Скопје-Тирана до пристаништето во Драч, е дел од европските транспортни мрежи и има потенцијал да ја направи Македонија важен транзитен јазол на Балканот. Според Владата, овој проект надминува обична инфраструктурна инвестиција, претставувајќи симбол на економска интеграција, регионално поврзување и зајакнување на улогата на Албанците во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top