Македонија

Пензиите ќе растат, пензионерите нема да се мачат – порача Стојановски

Над 300.000 пензионери ги чувствуваат промените, и што значи ВМРО-ДПМНЕ на власт, а што значи СДСМ

Пензионерите за една година со ВМРО-ДПМНЕ добија 5000 денари зголемување, а во наредните 8 месеци уште 2000 денари, рече на денешната прес-конференција пратеникот, Бојан Стојаноски.

Над 300.000 пензионери ги чувствуваат промените, и што значи ВМРО-ДПМНЕ на власт, а што значи СДСМ. Со СДСМ пензионерите губеа 7 години, со ВМРО-ДПМНЕ добиваат. Секој домашен буџет на пензионерите низ државата е побогат за 60.000 денари на годишно ниво. Пензионерите се нашите највозрасни граѓани, тие кои ја граделе државата, и кои ни ја оставиле ние да ја развиваме и предадеме на идните поколенија. Тие ја заслужуваат нашата почит, посветеност и грижа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ од тие причини ќе изврши уште едно зголемување на пензиите и тоа за 1000 денари во октомври, и уште 1000 денари до година во април. Пензионерите со ВМРО-ДПМНЕ не се категорија која ќе се мачи како да преживее од први до први, ние правиме се, за тие достоинствено да ги поминат своите пензионерски години од животот, истакна Стојаноски.

Грижата за пензионерите продолжува. Промените ја трансформираат Македонија. Државата оди напред, додаде Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: „Патокази“ од ЕУ и забрзување на влезот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, не и на Македонија!

Нов преседан на Брисел. Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија функционери од Брисел за европскиот аналитички магазин „Политико“. За Македонија нема ниту патокази, ниту сигнали за придвижување на нејзиниот евроинтеграциски процес, ниту ништо!

Сиљановска-Давкова на Салцбург самит: По 21 година кандидати и 17 позитивни извештаи на потег е ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“

ДУИ: Долгот на Општина Тетово изнесува 31 милион евра

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, го започна својот прв мандат кон крајот на 2021 година; во тоа време, тој изјави дека вкупниот долг на општината – вклучувајќи го и долгот на јавните претпријатија и училиштата – изнесувал приближно 24 милиони евра

Бронзен медал за македонскиот тим на Јуниорската Балканска олимпијада по информатика во БиХ

Вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави.

To top