Македонија

Струмичанец возел со скоро 3,5 промили алкохол ви крвта

Билтен на МВР

На 30.08.2025 во 13:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(52) од Струмица. Тој на булевар „Ленинова“ во Струмица, управувајќи патничко возило „пасат“ со струмички регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна несреќа, а при увидот било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно дека имал 3,47 промили алкохол во крвта.

На 30.08.2025 на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.В. (45) од Куманово.  При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувал М.В. со патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувал со 1,99 промили алкохол во крвта.

На 30.08.2025 во 23:30 часот на ул. „Партизанска“ во Виница, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Х.С. (22) од с. Лески, Виница. При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувала Х.С. со патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувала со 3,20 промили алкохол во крвта.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

“Незрело”: Мицкоски за одбивањето на Филипче да присуствува на лидерска средба

Реакцијата на Мицкоски доаѓа по прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој рече дека нема да има средба за техничката влада откако премиерот најави дека ќе упати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба.

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Самсунг (Samsung) одбројува до Милано Кортина 2026 со претставување на новиот ростер на тимот “Samsung Galaxy“

Нов тим составен од глобални спортисти предводници на патот кон претстојните Олимписки и Параолимписки Зимски Игри ќе го отелотвори верувањето на брендот дека „Отвореното секогаш победува

To top