Македонија

Обвинителството спие и тогаш и сега, време е за прочистување на безбедносните служби, порача Ковачки

Пријавено до обвинителството, но без реакција од таму

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како член на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и АР, реагираше на објавите за сериозни злоупотреби во Агенцијата за национална безбедност во време на претходното раководство.

Ковачки изрази разочарување што, како што вели, за овие злоупотреби молчат претседателот и заменикот на собраниската комисија за надзор, јавниот обвинител, народниот правобранител, како и невладиниот сектор и здруженијата за човекови права. Според него, тоа уште еднаш покажува „кој ги влече конците во позадина“, иако станува збор за тешки прекршувања на Уставот и законите, како и на меѓународните конвенции.

Мора да имаме искрен и сериозен процес на прочистување од старите практики кои се користеле за оцрнување на опозицијата, за лично богатење и за партиски интереси. Одговорните лица мора конечно да бидат изнесени пред лицето на правдата – и извршителите, но и нарачателите,“ порача Ковачки.

Тој обвини дека „остатоци од југословенските структури и нивни наследници“ сѐ уште попречуваат во извршувањето на должностите и повика службите да станат институции кои ќе ја штитат државата и граѓаните, наместо да се користат за политички притисоци.

„Овие тешки злоупотреби се правени во период кога Македонија веќе беше членка на НАТО, а во исто време во Алијансата се брифирало дека лидер на опозицијата крои заговори,“ додаде пратеникот, посочувајќи дека ваквите постапки нанеле голема штета на угледот на државата.

Ковачки обвини дека обвинителството „спиело и тогаш и сега“, а прашањето дали ќе има извинување за штетата нанесена на угледот и достоинството на поединци и институции останува.

Најнови вести од: Македонија

Таткото на Васил Јованов не признава вина за загрозување на безбедноста на сообраќајот

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска, пред Основниот кривичен суд во Скопје, изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство или средства, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола […]

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, избран за член на Високиот совет на Светската федерација на стопански комори

 Сојузот на стопански комори на Македонија ја информира јавноста дека претседателот Трајан Ангелоски учествува на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори (14WCC), кој се одржува од 2 до 4 септември 2025 година во Мелбурн, Австралија. Во рамки на овој значаен глобален настан, претседателот Ангелоски беше избран за член на WCF General Council – највисокото управно […]

Ислам Абази ќе го истражува Љупчо Коцевски за прислушувањето

„Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите“, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со информациите од АНБ за следење на политичари и новинари.

Мицкоски: Кога граѓаните бараат надеж, медиумите пренесуваат визија, објаснуваат реформи и потикнуваат јавна дебата

Новинските агенции секојдневно ја пишуваат првата страница на вистината, создавајќи јавна меморија, градејќи доверба и одржувајќи ја демократијата жива. Во услови на глобална поврзаност, медиумите се столб на демократијата, информираат, инспирираат, обединуваат и создаваат клима за просперитет, порача премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ), организирано од Медиумската информативна агенција – МИА во Скопје.

To top