Македонија

Со мало задоцнување Ахмети дојде до вистината за Груби

Ахмети засега молчи за Груби кој според неофицијални партиски податоци има многу интересни информации за Ахмети и неговите блиски

Со мало задоцнување Али Ахмети дојде до вистината за Артан Груби, оценува политичкиот аналитичар и екс министер за финансии Џевдет Хајредини кој ги цитира зборовите на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир Бујар Османи за неговиот до скоро нераздвоен колега Артан Груби.

,,Бујар Османи: Блискоста на Артан Груби со Ахмети ѝ наштети на ДУИ.
Со оваа изјава, Османи јасно имплицираше дека практиката на Артан Груби да ја монополизира блискоста со Ахмети ѝ наштети на ДУИ, додека според него, партијата сега ја плаќа сметката за тој период”, пишува Хајредини кој коментира дека Али Амети, со мало задоцнување, ги доби зборовите на Изет Меџити.

Хајредини алудира на ставот на Изет Меџити кој додека беше втор човек во ДУИ предупредуваше дека Груби носи штета за партијата.

Тогаш Ахмети не го послуша Меџити и дозволи Груби да го елиминира од партискиот врв во ДУИ.

Сега неговиот локален кадар Османи го кажува истото но Ахмети засега молчи за Груби кој според неофицијални партиски податоци има многу интересни информации за Ахмети и неговите блиски.

Најнови вести од: Македонија

Германија и Франција бараат „Европа со две брзини“ – Г6 ќе ги води промените без консензус од сите

Германија и Франција се залагаат за забрзување на клучните политики на Европската Унија преку воведување на систем со две брзини, кој би им овозможил на водечките економии да напредуваат без потреба од консензус од сите 27 земји-членки, пишува The Washington Post.

Тетово добива модерна гимназија: Мицкоски, Касами и Јанева на свеченото отворање

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

To top