Свет

За Фон дер Лајен Путин е предатор, Европа мора да инвестира во одбраната

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „предатор“, поради што е неопходно Европа да инвестира во одбраната.

– Тој е предатор. Од искуство знаеме дека може да се држи под контрола само со силно одвраќање. Мораме да го задржиме чувството на итност бидејќи знаеме дека Путин не се променил и дека нема да се промени, рече таа за време на посетата на полско-белоруската граница со полскиот премиер Доналд Туск.

Фон дер Лајен во моментов е на турнеја низ седум земји од источна Европа „на првата линија на фронтот“ за да ги увери во поддршката на ЕУ против Русија, а со Туск ја посети полско-белоруската граница и покрај предупредувањето дека на тоа место се наоѓаат „вооружени белоруски војници“.

Фон Дер лајен попладнево пристигна во Бугарија каде што ја пречека бугарскиот премиер Росен Жељазков.

Најнови вести од: Свет

Хаотичниот систем за влез / излез во Европа може да потрае и до две години и да ги измачува патниците!

Два месеци по лансирањето на новите биометриски гранични проверки во Европа, долгите редици и недоследните процедури продолжуваат да ги фрустрираат патниците. Функционер на Фронтекс предупредува дека проблематичниот систем за влез/излез може да потрае до две години за целосно да се стабилизира, перспектива што туристичката индустрија ја нарече „многу болна“, објави „Еуроњуз“.Фронтекс, агенцијата која помага во управувањето со надворешните граници на ЕУ, призна дека собирањето биометриски податоци е едно од главните проблеми што предизвикуваат проблеми во почетната фаза на шемата.

To top