Македонија

Османи индиректно призна дека се среќавал со Груевски во Будимпешта?

Наместо отворено да каже „не, немав состанок“, Османи се обиде да го релативизира скандалот

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска одби да ја негира шпекулацијата дека имал средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

Османи се вадеше со „државни тајни“ и „класифицирани“ информации. Албански медиуми заклучуваат дека на тој начин Османи индиректно признавал дека таква средба се случила во времето кога тој ја извршувал функцијата министер за надворешни работи.

Новинарот прашал:

– Дали имало или немало средба меѓу Бујар Османи и Никола Груевски?

На ова, Османи со следниот одговор:

– Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат. Дури и да имало нешто такво, тоа ќе било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи – рече Османи.

Дали оваа изјава на Османи е признание дека имал средба со Никола Груевски во Унгарија, факт што фрла сериозни сомнежи за неговите и политичките врски и игри на ДУИ, коментираат албански медиуми.

Наместо отворено да каже „не, немав состанок“, Османи се обиде да го релативизира скандалот, ставајќи го под маската на „службена должност“, изговор што отвора уште повеќе прашања.

 

Најнови вести од: Македонија

Преку нова стратегија до дигитална економија со 10 милиони евра од eвропските фондови

Со INNOFEIT EDIH – првиот Европски дигитален иновациски хаб во Македонија, се поврзуваат универзитетите, стартапите, Владата и индустријата, а Везилка – Националниот центар за вештачка интелигенција, вреден речиси шест милиони евра, го позиционира Скопје во европската мрежа на иновациски центри.

„Актуале“: Левица ја спаси ДУИ од поразот во првиот круг во Тетово и му даде надеж од две седмици на Бајрам Реџепи од НАИ

„Левица не се настапи со своја листа за пратеници во шестата, тетовско-гостиварска изборна единица на ланските парламентарни избори, но на годинашниве локалните избори учествуваше со свои кандидати во општините, каде што живеат и Албанци.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Вреди бара опозициската коалиција НАИ на ДУИ и Ахмети да го признае и да го прифати поразот на локалните избори

„Резултатот од локалните избори е јасен доказ дека Вреди е втор политички субјект во С.Македонија.“ – им порачаа претставниците на оваа коалиција од денешната прес-конференција на Али Ахмети и нивните коалициски истомисленици и содејци од опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција.

To top