Македонија

Две години затвор доби „Командант Барути“ за нападот на Данела во Чаир

Сулејман Љамалари, познат како Командант Барути, беше осуден на две години затвор и му е продолжен притворот.

facebook.com/ArsovskaDanela

Сулејман Љамалари, познат како Командант Барути, беше осуден на две години затвор и му е продолжен притворот. Тој е обвинет дека физички и вербално ја нападнал градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за време на инцидент што се случи на 11 јули во скопската населба Чаир. Настанот се случил додека Арсовска вршела увид на терен по пријава за дивоградба.

Пресудата ја изрече денеска Кривичниот суд. Според обвинителството, Љамалари дошол со електричен тротинет и ја нападнал Арсовска, нанесувајќи ѝ телесни повреди и упатувајќи сериозни закани.

Арсовска сведочеше дека обвинетиот е истото лице кое, според нејзините сознанија, и претходно ѝ упатувало закани преку социјалните мрежи. Таа рече дека заканите јавно ги објавила на својот профил и подоцна ги идентификувала како поврзани со Љамалари.

Обвинетиот, кој претходно работел во ЈП „Паркови и зеленило“, на судењето тврдеше дека не тој, туку градоначалничката прва го удрила и го снимала со телефон.

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top