Македонија

ДУИ не е реформирана партија, туку групација што манипулира, вели Коџаџику

Обвинувања

ДУИ не е реформирана партија, туку групација што манипулира со националните чувства и европските стремежи на албанскиот народ за свои лични и теснопартиски интереси. Ова го истакна на денешната прес-конференција пратеничката на ВРЕДИ, Мерита Кољчи Коџаџику.

– Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта. Деновиве сме сведоци на едно скандалозно признание од страна на Бујар Османи, човек кој повеќе од две децении ја злоупотребува довербата на Албанците. Тој јавно одби да негира, односно потврди дека се среќавал со Никола Груевски, бегалец и лице на американската црна листа, истакна Кољчи Коџаџику.

Притоа, постави неколку прашања до Бујар Османи.

– Од кога тоа средбите на еден министер за надворешни работи со лица од американската црна листа се класифицирани? Дали тие средби се пријавени во Јавното обвинителство и МBP? Кој е интересот зад оваа тајна комуникација?, праша пратеничката.

Таа нагласи дека Албанците очекуваат одговори, не молк.

– Потсетуваме. Помошта за бегството на Никола Груевски беше дело на ДУИ. Законот за амнестија за Мијалков и неговата екипа беше дело на ДУИ. Се ова го разбираме како очај на една корумпирана елита што знае дека нејзиното време истекува, подвлече Кољчи Коџаџику.

Таа на прес-конференцијата рече дека ДУИ ја претвори политиката во пазар и во бизнис, а Албанците во заложници на нивните договори со бегалци и криминалци.

– ВРЕДИ е тука да ја врати чистата политика, да обезбеди транспарентност и да стави крај на ова лицемерие. Граѓаните заслужуваат одговорност, а не тајни договори со луѓе кои ја ограбуваа државата, истакна Кољчи Коџаџику.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top