Македонија

Кривични за екс-директор и шефица во М-НАВ – го „олесниле“ буџетот за 1,5 милиони денари

Против поранешниот извршен директор на Секторот за воздухопловна техника во М-НАВ АД Скопје, В.К., и против Б.А., в.д. раководител на одделение за јавни набавки, поради сомнение за злоупотреба на службена положба и несовесно работење, Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје. Првопријавениот В.К. во текот на 2022 година ги споил […]

Против поранешниот извршен директор на Секторот за воздухопловна техника во М-НАВ АД Скопје, В.К., и против Б.А., в.д. раководител на одделение за јавни набавки, поради сомнение за злоупотреба на службена положба и несовесно работење, Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје.

Првопријавениот В.К. во текот на 2022 година ги споил две целосно различни јавни набавки – за изработка на оперативно софтверско решение за управување со документи и за физичко и електронско архивирање – во една тендерска постапка, со што постапил спротивно на член 89 од Законот за јавни набавки.

„Во тендерската документација се вметнати дискриминирачки и несразмерни критериуми кои претежно се однесуваат на архивирање, а не на софтверско решение, што е спротивно на начелата на сразмерност и конкуренција“, велат од Управата за финансиска полиција.

Од таму појаснуваат дека ваквото постапување резултирало со ограничена конкуренција и доделување на договорот на конкретна фирма – „Контего ДОО Скопје“, со што буџетот на М-НАВ АД бил оштетен за 1.493.433 денари.

Второпријавената Б.А., како единствено овластено лице за водење постапки за јавни набавки, според полицијата, и покрај тоа што била свесна за незаконитоста на документацијата, дозволила нејзина објава и спроведување преку електронскиот систем за јавни набавки.

„Со пропуштање на должен надзор, таа несовесно ги извршувала своите овластувања и придонела кон реализацијата на тендерот којшто бил спротивен на законските прописи“, истакнуваат од Финансиската полиција.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top