Македонија

Таткото на Васил Јованов не признава вина за загрозување на безбедноста на сообраќајот

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска, пред Основниот кривичен суд во Скопје, изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство или средства, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола […]

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска, пред Основниот кривичен суд во Скопје, изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство или средства, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.

На почетокот од судењето, таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, побара од судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот.

– Редно е да се изземете од овој предмет, ова е наместено – рече Кулаков, по што беше отстранет од судницата.

Рочиштето продолжи со воведниот збор на обвинителот Александар Марковски.

– Јованов, преку родителска попустливост, придонел за создавање на опасната состојба. Татковата љубов кон синот единец била голема, но резултирала со несреќна пропустливост на родителот кон синот, кој се оддал и на пороци – рече обвинителот, уверувајќи дека ќе докаже оти таткото бил тој што придонел да се генерира опасната состојба од страна на неговиот син, обвинетиот Васил Јованов.

Адвокатот Сашко Дуковски, застапник на Јованов, го оцени обвинението како правно неосновано и најави дека ќе бара детално образложение за секој поднесен доказ.

– Се работи за правен преседан незабележан во македонската правна историја – да го товарите таткото за дејства што ги сторил неговиот полнолетен син – рече Дуковски, кој посочи дека ќе бара детално образложение за правната релевантност на секој поднесен доказ.

Обвинителниот предлог против Зоран Јованов следува откако во јануари годинава неговиот син, Васил Јованов, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top