Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Агенциите за разузнавање и за безбедност пет години го прислушувале Мицкоски, за да се одржат на власт СДС, Заев и Филипче!

Владејачката партија бара јавното обвинителство да отвори сеопфатна истрага околу овој прислушувачки скандал од невидени размери и да бидат изведени пред правдата сите, кои ги злоупотребувале агенциите за безбедност и разузнавање.

Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски, наместо за безбедноста на државата работеле да се одржат на власт Заев и Филипче. СДС не бирале средства и методи за да остане на власт колку што можат подолго. Злоупотребувале институции, државни средства и цел безбедносноразузнавачки апарат.– обвинува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Со цел одржување на власт СДС ги ставиле во партиска функција за политички цели безбедносните служби да следат и прислушкуваат политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности. Како тогаш најголема опозициска партија СДС со помош на нивните кадри, поставени во агенциите за разузнавање и за безбедност, пет години го следеле и го прислушувале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тоа го правеле, заради негово политичко отстранување, како единствен, којшто може да им се спротивстави и да ги победи на избори, нешто што и се случи и покрај недемократските, да не речеме тоталитарни, мерки.

Со следењата и прислушкувањата сакале да го запрат нивниот пад од власт и да го придушат и замолчат секој слободен и кон нив критичен глас на новинарите и јавните личности, како и да уценуваат стопанственици. Во периодот од 2019 до 2024 година, СДС владееле со злоупотреба на службите како да се партиска алатка за останување на власт.

Трагично е да се гледаат СДС, кои од уста не ја вадеа демократијата, како ги злоупотребувале службите и со најнедемократските методи како ги ограничувале правата на слободно движење и изразување на граѓаните, загарантирани со Устав и закон. Цели пет години службите биле користени, за да се одржат на власт Зоран Заев и Венко Филипче и кликата околу нив, наместо за безбедноста на државата и граѓаните. Уште потрагично е тоа што за сето ова им помагал сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето напосебните истражни мерки, кој е главната алка во веригата на СДС за следење и прислушување на претседателот Мицкоски, на новинари и бизнисмени.

Тоа е истиот тој Коцевски, кого СДС толку силно го бранеа во Собрание за време на гласањето на интерпелацијата против него, а веќе се гледа зошто го бранеа и не гласаа за негово разрешување. Бараме и очекуваме Јавното обвинителство да отвори сеопфатна истрага за овој скандал од невидени размери, која  која ќе ги опфати сите, што ги злоупотребиле институциите и која ќе ги извади пред правдата. – завршува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Како ги „измисли“ Тито Македонците во 1944, кога царот Леополд Први ги зеде под заштита во 1690?!

Силно историско значење има особено денес повелбата на австрискиот цар Леополд Први Хабсбуршки (1640-1705) од 26 април 1690 година, со која Македонците се ставаат под заштита негова и на Хабзбуршкото Австроунгарско царство во периодот додека Македонија била под турско ропство. Исклучителната важност на овој историски документ е поради тоа што и де факто и де јуре, суштински и со документ, се потврдува посебноста на Македонците како етникум и точно се определува македонскиот идентитет уште пред три века. Овој документ и натаму во полн капацитет е во можност да ја остварува својата цел: Македонците како засебен идентитет и етнички ентитет да бидат одбранети од негативното влијание на други надворешни чинители, чија намера е завладување, потчинување, покорување и асимилација на Македонците.

Ѓорѓиевски: Време е за работа веднаш – Скопје влегува во нова ера (ВИДЕО)

Со симболиката на нов почеток, денес се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на Град Скопје, на која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека главниот град конечно влегува во ера на „работа, визија и одговорност“.

На СДСМ не му е по ќеиф чистењето на Скопје

  „ Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот“, наведува СДСМ во соопштение по повод генералката што синоќа ја организираше Орце Ѓорѓиевски.. Синоќа скопјани видоа зошто било […]

To top