Свет

Додека траела парадата Си и Путин разговарале како да се постигне бесмртност

Додека формации со нуклеарни ракети маршираа на парадата во Пекинг, вклучен микрофон откри дека Владимир Путин и Си Џинпинг зборувале за бесмртност и трансплантација на органи, според Би-Би-Си.

Додека формации со нуклеарни ракети маршираа на парадата во Пекинг, вклучен микрофон откри дека Владимир Путин и Си Џинпинг зборувале за бесмртност и трансплантација на органи, според Би-Би-Си.

Разговорот се случил на маргините на воената парада за 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, меѓу 24 светски лидери на Тјенанмен.

– Со развојот на биотехнологијата, човечките органи можат постојано да се менуваат, така што луѓето можат да изгледаат сè помлади, па дури и да постигнат бесмртност – изјави преведувачот на Путин на кинески, додека камерата и микрофонот на државната телевизија беа вклучени.

Си, насмеан, одговори преку својот преведувач:

– Некои предвидуваат дека до крајот на овој век луѓето ќе живеат и до 150 години.

Си укажа дека светот е на крстопат меѓу војна и мир, сугерирајќи нов светски поредок каде Кина, Русија и Северна Кореја го предизвикуваат западниот модел.

„Откриениот“ разговор ја засили симболиката на оваа порака – овие лидери размислуваат и за вечноста, не само за геополитика.

На прес-конференција, Путин повтори:

– Современите методи на подобрување на здравјето, вклучувајќи хируршки операции и замена на органи, му овозможуваат на човештвото да се надева на продолжен активен живот.

Тој предупреди дека до 2050 година населението над 65 години ќе го надмине бројот на деца, предизвикувајќи социјални и политички последици.

Научниците се поделени за трансхуманистичките идеи за продолжување на животот – некои се ентузијасти, други сметаат дека е далечна иднина.

Аналитичари за „The Australian“ оценија дека разговорот за бесмртноста на Си и Путин наликува на политички сон, а не на медицинска реалност.

На 3 септември, Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа, обвинувајќи дека Путин и Ким Џонг Ун во Пекинг прават заговор против САД.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top