Македонија

Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судскиот процес против четворица онколози, вклучително и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, обвинети за несовесно лекување на пациенти.

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судскиот процес против четворица онколози, вклучително и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, обвинети за несовесно лекување на пациенти.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска, чиј адвокат достави медицинска документација и барање за одлагање. На обвинителна клупа тогаш беа присутни првообвинетиот Васев, како и онколозите Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски.

Одбраната поднесе дополнителни докази со кои се оспоруваат вештачењата на Обвинителството, а адвокатот на Васев побара исклучување на дел од доказите добиени од Словенија, тврдејќи дека вештакот Маја Радник нема официјален статус во таа земја. Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска оцени дека овие наводи се неосновани, бидејќи обвинителниот акт веќе ја поминал фазата на оценка.

Судијката Снежана Марковска го одобри барањето за одлагање, за да може Судот да се запознае со новите барања на одбраната.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Паралелно, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено и друго обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со предизвикана штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Најнови вести од: Македонија

Прв случај на западнонилска треска и во Куманово

Расте бројот на заболени од западнонилска треска во Македонија. Шест нови случаи регистрирани во еден ден. Откриен е и првиот заболен во Куманово. Вкупната бројка се искачи на 50 пациенти. Сомнителни на болеста се три лица.

Уништеното француското село Помас личи на „воена зона“ по торнадото: „Природата нѐ избомбардира!“

Торнадото, што го зафати департманот Од во јужна Франција, го опустоши малото село Помас, уништувајќи куќи, општинската зграда и локалното училиште. Глетката е опишана како „воена зона“.

Кој и зошто ги усмрти на 25.6.2001 Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46) со експлозив, врзани во „Бриони“?

На денешен ден, на 26 август 2001 година се случи чудовишното убиство на двајцата чувари на мотелот „Бриони“ недалеку од тетовското село Челопек: Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46).

Меџити: Приштина и Скопје не биле никогаш поблиски, патот Скопје-Блаце ќе го зголеми сообраќајот меѓу Косово и Македонија

Сопретседателот на Вреди Изет Меџити изјави дека во изминатите две години врската меѓу Косово и Македонија е зајакната, посочувајќи дека „никогаш досега Приштина и Скопје не биле поблиску“.

Ковачевски контра Филипче

Реакцијата на Ковачевски следува откако сите девет советници во Пехчево вчера едногласно гласаа против иницијативата на приватен инвеститор за почнување постапка за урбанистичка документација за дата-центар, а петседателот на СДСМ Венко Филипче повика да се сопре изградбата.

To top