Хроника

Нападната наставничка од ученик со нож

Утрово во стручно училиште во Есен, Германија, 18-годишен ученик ја нападнал својата наставничка со нож, бодејќи ја во стомакот

Утрово во стручно училиште во Есен, Германија, 18-годишен ученик ја нападнал својата наставничка со нож, бодејќи ја во стомакот. Според „Билд“, жртвата претрпела сериозни повреди и била итно пренесена во Универзитетската клиника, каде се подготвува за итна операција. Не е познато дали е во животна опасност.

Ројтерс објави дека напаѓачот, кој бил во долготраен конфликт со наставничката, бил застрелан за време на полициската акција за негово апсење и во моментот добива медицинска нега, според германската полиција.

Полицијата реагирала брзо по пријавувањето на инцидентот околу 9:30 часот наутро, а на местото биле забележани голем број полицајци и специјални единици. Над образовниот парк во Есен, каде се наоѓа училиштето, бил забележан и хеликоптер.

https://x.com/upuknews1/status/1963909510046576817

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

Најнови вести

To top