Хроника

Малолетник се обидел да го убие татка си во скопско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе барање за започнување подготвителна постапка против 17-годишен малолетник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе барање за започнување подготвителна постапка против 17-годишен малолетник, осомничен за кривично дело – Убиство во обид, според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Според информациите од обвинителството, малолетникот сторил семејно насилство во својот дом на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, обидувајќи се со умисла да го убие својот татко.

Додека таткото престојувал во спалната соба, малолетникот го нападнал одзади и со остар предмет му задал 10 убодни рани. Мајката, која била во близина, успеала да го спречи детето и веднаш повикала итна медицинска помош.

Таткото бил итно пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде му била извршена операција, но неговата состојба останува критична и животно загрозувачка.

Заедно со барањето за подготвителна постапка, обвинителот предложил изрекување мерка притвор за малолетникот, согласно одредбите од Законот за правда за децата

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top