Македонија

Уапсен Скопјанец кој со тротинет влетал во група луѓе во Аеродром

Ставил во опасност луѓе кои присуствувале на протест

Полицијата го уапсила скопјанецот кој пијан управувајќи тротинет, не застанал на полициска наредба, по што влетал во група луѓе што протестирале во општина Аеродром

Вчера, Сабота 06.09.2025 во 19:10 часот во Скопје, на подрачјето на Општина Аеродром, полициски службеници го привеле К.Р.(31) од Скопје, поради тоа што го нарушил јавниот ред и мир.

Уапсениот управувајќи тротинет, не застанал на даден знак од полициски службеници и влетал во група на луѓе, кои присуствувале на протест.

При извршен алкотест, било констатирано дека К.Р. е под дејство на алкохол, односно имал 1,53 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top