Македонија

Нема откажување од македонските национални интереси – Честитка од претседателката Сиљановска Давкова за 8ми Септември

Најавува борба дома и пред европските и меѓународните институции

Во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември – Денот на независноста шефицата на државата порачува дека таа заедно со сите други Македонци и граѓани на Македонија мора да продолжат да се борат за македонските национални интереси.

Таа најавува борба дома и надвор, во европските и меѓународни институции.

Целата честитка во продолжение:

Почитувани граѓани,

На 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа 72,16% од запишаните!

Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!

Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија.

Изминативе три децении се соочивме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици, со отстапки и компромиси неусогласени со референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право.

Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит.

Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на копенхагенски критериуми, преку демократска власт, ограничена со систем на ефикасни спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку партиципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми.

Младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука што стимулираат, почитуваат и наградуваат знаење, труд и заслуги.

Ако домата ни е европска, сигурна сум дека нашите деца и внуци ќе сакаат да работат, творат и растат семејства тука, во нивната дома, или постојано да соработуваат со татковината, ако се надвор, привремено или трајно. Само во европски амбиент се креира европска иднина!

На крајот, не сум се откажала и никогаш нема да се откажам од македонските национални интереси. Мора да продолжиме да ги реафирмираме и да се бориме за нив дома и надвор, во европските и меѓународни институции, на правен и политички, демократски начин, потсетувајќи се и повикувајќи се на националното и меѓународното право, на 8 Септември.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Камениот мост ќе заблеска со декоративно осветлување

Првиот човек на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа состанок со својот турски колега од општината Есенлер, Мехмед Тевфик Ѓоксу. Главна тема на нивниот разговор бил неодамнешниот договор преку кој се планира поставување ново архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост.

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес

Традиционално моштите на Свети Георгиј Победоносец во литија ја осветија Струга

По завршувањето на Литијата во дворот на храмот верниците повторно имаа можност да се поклонат пред моштите и чудотворната икона на светителот, а беше приредена и културно уметничка програма

To top