
„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушкуван претседателот Мицкоски. Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане неказнет!“ – нагласува владејачката партија во своето соопштение денес.
Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Добива се поголеми размери скандалот со прислушувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени од страна на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Признаваат и СДС и поранешниот нивен директор на на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски дека имало следење и прислушување на неистомислениците, критички кон нив настроените новинари, јавни личности.
Откако СДС потврди дека имало прислушување, во обид да се извлече од целата ситуација Димовски призна дека во период на изборни циклуси во државата процениле дека било неопходно да се следи ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Мицкоски, како тогашна опозиција. Која безбедносна закана би биле партиските активности на партијата во пресрет на тогаш локални и парламентарни избори, освен тоа СДС да си замине од власт?
Ова нивно признавање за петгодишното следење и прислушување на претседателот Мицкоски значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби. Овие безбедносни служби, наместо да се грижат за безбедноста и да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, биле маша за политичка борба и притисок на СДС, а главен извршител бил Виктор Димовски.
Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа и токму затоа треба јавно да признае што и по чија наредба од врвот на политиката правел. Ова следење и прислушување не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кого подоцна токму СДС го избира за државен јавен обвинител, како и Врховниот суд.
Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане неказнет: одговорност мора да има, за да не се повтори никогаш. – пораќува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.