Спорт

„Идентитетот бетон“: Спартак Варна се засилил со „Северномакедонец“

Бугарски „Телеграф“ употреби непостоечка ем навредлива етничка припадност за Македонецот Георг Стојановски

Медиумите во Бугарија не пропуштаат буквално во секоја пригода да ја употребуваат непостоечката, а навредлива етничка припадност „Северномакедонец“ за Македонците, па така постапи и „Телеграф“.

„’Соколите’ експлодираа со три нови играчи. Северномакедонец, Хрват и Мадагаскарец завршија на ‘Коритото’“, е насловот на веста за засилувањата на бугарскиот фудбалски прволигаш Спартак Варна, меѓу кои и 21-годишниот македонски напаѓач Георг Стојановски.

„Висок е 1,87 м и се одликува со брзина, техника и визија за играта. Во својата татковина играл за Вардар, Тетекс, Работнички, Шкупи“ а во Обединетите Арапски Емирати – за Хата клуб. Во помладите години се сметаше за еден од најперспективните фудбалски таленти во Република Северна Македонија, со натпревари и голови во елитата на земјата. Репрезентативец на својата татковина во младинските селекции“, го опишуваат „Северномакедонецот“ од „Телеграф“.

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top