Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски се запиша во листата на стрелците во домашпниот триумф на Лугано од 3:0 над Кауно Жалгирис во третото коло од Конференциската лига.
Левиот бек во 24. минута го зголеми резултатот на 2:0 со својот втор гол за швајцарскиот тим сезонава во сите натпреварувања.
Лугано е на чело на табелата во третото натпреварување по ранг на УЕФА со максимални 9 бода.