Спорт

Македонските ракометари и по седми пат пресилни за Луксембург

Избраниците на селекторот Лазаров славеа со 41:23 во Скопје на стартот од квалификациите за Европското првенство 2028

Машката ракометна репрезентација на Македонија фуриозно ги отвори квалификациите за Европското првенство 2028 во Португалија, Шпанија и Швајцарија, декласирајќи го Луксембург со 41:23 пред 3.000 гледачи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Црвено-жолтите“ и во седмиот меѓусебен дуел беа пресилни за Луксембуржаните, завршувајќи ја работата уште во првото полувреме, кое го добија со 20:10.

Десните крила Никола Костески и Александар Петковски беа први имиња во македонскиот напад – првиот со ефект 6/6, вториот со 5/5 – а десниот бек Мартин Серафимов застана на 5/6.

Украинецот со македонски пасош Дмитро Хориха дебитира за Македонија со 3/3.

Во рамките на осмата квалификациска група утре од 18:30 часот Шведска ќе ја пречека Грција, на која избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ѝ гостуваат в недела од 16 ч. во Халкида.

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top