Македонија Хроника

Тошковски: Порано беше невозможно наеднаш да се откријат осум убиства

Предметите за кланот Беланоца-Барони и групата на Раде Штекли се само едни од оние предмети кои даваат историски резултати во Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во посета на граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со цел пуштање во употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана контрола Тошковски на новинарите им рече: Многу пати […]

Предметите за кланот Беланоца-Барони и групата на Раде Штекли се само едни од оние предмети кои даваат историски резултати во Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во посета на граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со цел пуштање во употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана контрола Тошковски на новинарите им рече:

  • Многу пати имам кажано, не само јас и Јавното обвинителство и експерти од областа, дека од ваков тип на организирани и координирани акции помеѓу ЈО и МВР, каде што во текот на една акција се разоткриени повеќе од осум убиства, нешто што беше незамисливо до 2024 година во Македонија, а не верувам дека ќе има во иднина. Заради тоа што не верувам дека во иднина ќе има министри кои што во период од осум години нема да си ја работат својата работа и ќе дозволат Јавното обвинителство заедно со министерството да разоткријат ваков тип на криминали, само во една акција.

Министерот порача македонските граѓани да бидат спокојни, бидејќи, како што рече „како министерство продолжуваме со исто темпо“.

  • Продолжуваме во насока со нормализирање на Македонија. Она што го ветивме пред изборите се гледа на дело, како во однос на борбата против криминалот и корупцијата, така и во делот на однос на реализација на овие проекти – рече Тошковски.

Запрашан за шпекулациите во врска со јавната набавка за униформи за МВР тој рече дека сите документи се јавно достапни. Одговарајќи на прашање за обвинувањата од СДСМ, кои тврдат дека тендерот е скандалозен и дека документите ги доставиле до Антикорупциската комисија, Тошковски потенцираше дека ќе бидат транпарентни во целот на постапката.

  • Уште еднаш ги повикам Јавното обвинителство и сите останати институции кои имаат надлежност во овој дел да дојдат во рамки на Министерството за внатрешни работи, во одделот што ги спроведува овие јавни набавки, да ги видат сите документи што се поврзани со предметната набавка. Министерството за внатрешни работи е транспарентно и ќе биде транспарентно во целост на оваа постапка – изјави министерот при посетата на граничниот премин.

Најнови вести од: Македонија Хроника

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

To top